Роналдо призна дека низ годините му фалел еден соиграч од Манчестер Јунајтед. – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/18 3:22 PM

Роналдо призна дека низ годините му фалел еден соиграч од Манчестер Јунајтед.

Кристијано Роналдо призна дека низ годините многу му фалел еден соиграч од Манчестер Јунајтед.

Станува збор за Вејн Руни со кого играа заедно во нападот на “црвените ѓаволи” во можеби најдобриот период на клубот  Олд Трафорд.

“За мене Вејн Руни е пример за сила и победнички менталитет. Никогаш не застанува, секогаш трча, му помага на тимот, фантастичен тимски играч е и постигнал голем број важни голови.Ми недостасува играта со него, но којзнае, можеби некогаш повторно ќе играме заедно”, изјави Роналдо.

Руни оваа сезона е член на американскиот клуб ДЦ Јунајтед со кого се пласира во плеј-офот од МЛС.