8 од 10 родители во Република Македонија со насилни медоти ги дисиплинираат децата, покажува новиот извештај. Со цел да се подигне свеста кај родителите и целото општетво за негативните ефекти од насилството и злоупотребата, Министерствата за труд и социјална политика, здравство и образование и наука, заедно со Европската Унија и УНИЦЕФ ќе ја спроведат капањата „И родителството се учи“.
„Ако ги научиме родителите како да бидат добри и посветени родители, директно ќе влијаеме на социјалниот, интелектуалниот, емотивниот, јазичниот развој на секое едно дете а тоа е човечкиот капитал“, вели министерксата за труд и социјална политика, Мила Царовска.
„Сметаме дека преку граднинките сметаме дека може да дадеме квалитет во воспитувањето на децата, но исто така можеме да дадеме квалитет во насочување и едукација на родителите. Република Македонија веќе има во некои градинки низ земјата околу 15 советувалишта кои што ги прават бебешките чекори за развој на учење на родителски вештини. Но навистина треба многу поинтензивно и со активни мерки и програми да се промовира учењето на родителството во нашата држава“, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Испитуавањата покажуваат дека децата кои се сведоци или сами страдаат од насилство е многу веројатно дека ќе страдаат од насилство и како возрасни или се потенцијални насилници. Последиците од тоа се пост трауматко стресно растројство, нарушување на сонот, немир, потешкотии во учењето, депресија и регресија во развојот.
„Патронажните сестри, педијатрите и семејсните лекари треба и се сериозна позиција да им пружат поддршка на родителите и да ги посоветуваат не само за физичкиот развој, туку и за емотивниот затоа што и тие влијаат врз физичкото и менталното здравје на децата. Затоа ние како министерство преку лекарите и психолозите работиме со родителите за успешно родителство. Постојано се спроведуваат обуки на здравствените работници, за да можат што полесно да ги препознаат соодветно д аги упатат и заштитат децата жртви на семејно насилство“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Стручни лица ќе работата со родителите и учениците и во училиштата, најави министерот за образование Арбер Адеми.
„Заедно со училиштата, поточно со стручните служби во училиштата како и досега така и понатаму ќе продолжи да обезбедува поддршка за сите родители и старатели кои имаат потреба од стручна поддршка, совети и советодавни предавања во насока на подобрување на своето родителско однесување, а со крајна цел подобрување на однесувањето на нивното и однесувањето на нивните деца кои во одреден период или за време на училишниот престој кои покажуваат или покажувале извесни форми на несоодветно однесување за нивната возраст или драстично го намалиле успехот во учењето или пак неоправдано отсуствуваат од наставата. Секако паралелно се работи и со самите ученици преку стандардизирани програми подготвени исклучиво за оваа намена“, вели министерот за образование и наука Арбер Адеми.
Родителите најчесто се свесни за користењето на насилни медоти при воспитувањето меѓутоа во пракса и понатаму се применуваат.
„Податоците од Светската здравствена организација околу ова прашање се алармантни, секое 10 –то дете е сексуално злоупотребено, секое четврто дете е предмет на насилство, а речиси секое трето дете е подложено на психолошка злоупотреба. И ако ги погледнеме податоците за децата со попреченост тие се и три пати поголеми во однос за податоците за другите деца и сето ова е многу алармантно. Истражувањето е спроведено како дел од овој проект на ИПА покажа дека осум од десет родители користат насилство како дисциплинирање на своите деца, што јас мислам дека е алармантно и загрижувачки исто така затоа што е многу повисоко од просекот во Европа. Иако родителите можеби сфаќаат дека традиционалните начини за дисциплинирање како што се нарекуваат не чинат штета малку се размислува како се чувстува детето и како ова влијае и врз неговите обрасци на размислување“, изјави шефот на канцеларијата на ЕУ во Скопје – Самуел Жбогар.
Истражувањето поддржано од Уницеф покажува дека иако повеќето родители се свесни за штетните последици од користењето насилство при воспитување на децата, тоа не е одразено во праксата. Општествените очекувања за казнување, слабата самоделотворност и немањето пристап до информации за позитивното родителство и детскиот развој се главните причини за продолжување на насилната практика, велат во соопштението од Владата и посочуваат дека кампањата ќе се осврне кон овој недостаток давајќи им на родителите ресурси за позитивно родителство.
Ниедно дете не трба да расте во страв, посочи претставникот на Уницеф, Бенџамин Перкс, кој додаде дека стравот го ограничува и потенцијал за развој кај децата. „Кога целото општество им помага на родителите да израснат деца со здрава приврзаност, деца кои добиваат поттик во својот развој, деца кои веруваат во себе, кои се истрајни, емпатични, знаат како да се справат со разочарувањата, и кои учат и откриваат нови нешта – тогаш ние создаваме животен циклус на лична човечка поврзаност и просперитет, како и понапредни, посилни, поуспешни и побезбедни општества“, изјави Перкс.
„И родителството се учи“ е кампања поддржана од УНИЦЕФ за зајакнување на услугите и програмите за поддршка на родителите.


