„Bohemian Rhapsody“ го зазема првото место на боксофисот овој викенд – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/18 10:52 AM

„Bohemian Rhapsody“ го зазема првото место на боксофисот овој викенд

За прв пат од почетокот на февруари, првите три филма во викенд бокс-офисот беа сите нови изданија на филмови а „Bohemian Rhapsody“е на прво место со 50 милиони долари, со врвни резултати, многу над очекувањата.

Филмот беше прикажан на публика која беше 51% женска, а 78% од толпата беа на возраст од 25 години или постари.

На меѓународно ниво, откако минатиот викенд „Bohemian Rhapsody“излезе  една недела порано во Велика Британија, се прошири на вкупно 64 пазари во странство овој викенд и донесе 72,5 милиони долари.

Филмот на Дизни „The Nutcracker and the Four Realms“е на второ место, а третото место го зазема „Nobody’s Fool“.Сеуште во првите пет се наоѓа и филмот „A Star is Born“ кој е на четврто место и петто место е „Halloween“.