Без трајна стратегија македонскиот аграр нема иднина – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/18 9:15 AM

Без трајна стратегија македонскиот аграр нема иднина

Буквален хаос владее во македонското земјоделско производство. Не едуцирани производители на храна, неконтролирано употребуваат хемиски средства за заштита и минерални ѓубрива. Произведува кој што сака и колку сака. Сето ова се случува поради тоа што земјата нема трајна стратегија за земјоделското произвоство. Ваква е оценката на професор д-р Ристо Вучков кој повеќе од три децении е активно вклучен во македоснкиот аграр. Обвинува дека ниедна власт досега не собрала храброст да подготви трајна стратегија, која ќе го унапреди македонскиот земјоделец и воопшто аграрот, како ресурс кој во изобилство го има Македонија и за извоз.

„Стратешкиот аспект по однос на аграрот за Македонија значи многу. Од осамостојувањето досега гледаме дека немаме една трајна стратегија која треба да даде чекор напред кон успешен развој на аграрот. Единствен ресурс кој може за Македонија да даде чекор напред кон еврпскиот пазар е  смислениот пристап во земјоделството.  За целиот тој период имаме едно произволно, не смислено производство каде што доаѓаат до  израз тие хиперпродукции, тоа значи се ствара производ, се обезвреднува цената на чинење на производот и тука страдаат земјоделските производители. Трајната стратегија подразбира како и на кој начин производителот да произведува за познат купувач, со позната цена. На тој начин се стекнува сигурноста од стратешки аспект во самата држава “ вели проф. Д-р Вучков.

Тој смета дека стратегија треба да изготви МЗШВ, која би била општа аграрна стратегија без да зависи од тоа кој ја има власта во Македонија.

„ Со таква стратегија на испит ќе биде секоја партија што е поставена, дали и колку го реализра оној чин на стратешки аспект, на квалитетен производ за европскиот пазар. Ако политичката гарнитура го реализира тоа, тоа значи успешна Репубика Македонија.Аграрот за РМ е се што имаме. Ако му посветиме внимание тогаш може да имаме подобар стандард и од Луксембург по глава на жител“ нагласува овој експерт од аграрот.

Според Вучков, во македонското стопанство предлабоко е навлезена политиката, поради што страда и земјоделецот.

„Стопанството треба да дише слободно, за да имаме добри денови за земјоделскиот производител. Сега се случува секој градоначланик прво класно земјоделско земјиште кое може да ствар храна за генерациите  го трансформира во градежно за некакви и објекти. Тоа е недопустливо“ вели Вучков.

Само во Македонија во 21 век земјоделците се оставени сами на себе. Неконтролирано фрлаат отрови во нивите, бидејќи нема кој да ги советува, а и државата нема стратегија – додава професорот.

Едукацијата на земјоделските производители. Тоа е трагедија каде трговската свера чека земјоделцот да произведе  некаков производ и да тој влезе и го обезвредни производот за да створи свој профит. Хемиските индустрии, од цел свет , во ова парче земја ги има. Нема што нема од препарати и минерални ѓубрива,  кои се користат неконтролирано. Сетоа тоа ја згрозува животната средина и здравјето на консуматорот на храна.  Институциите кои ги имаме се со една тампон зона со производители, а тие треба да  бидат носители на тоа што земјоделскиот производител кое ѓубриво треба да го примени врз основа на агрохемиска анализа, кој препарат во кое време  врз основа на дијагноза да го примени и дали треба да го токсифицира производот кој излегува на пазарот. Токму тие резидуи причинуваат штета врз здравјето на луѓето – оценува проф. Д-р Ристо Вучков и нагласува – Ако стратегијата не се постави на долг пат,  не може да очекуваме подобри денови за аграрот во земјава.

Ангел Данов