Делови од Илинден, Сопиште и Студеничани утре без струја – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/18 8:58 AM

Делови од Илинден, Сопиште и Студеничани утре без струја

Без електрична енергија утре од 8.15 до 14.30 часот ќе останат објектот на „Хавеп”, корисниците од улиците „513″ и „517″ по ресторанот „Бисер” и „521″, како и објектите на млин „Кадино”, „Кадино Индустри Груп” и корисниците лоцирани во нивната околина во општина Илинден.

Во периодот од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Добри Дол, улицата кон гробиштата и стариот пат за село Долно Соње во општина Сопиште.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „4″, „6″ и „7″ во село Батинци, општина Студеничани.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, овие прекини се поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија на корисниците во реоните.

Извор:МИА