Рецепт на денот: Пита од тиква – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/18 11:46 AM

Рецепт на денот: Пита од тиква

Есен е иделано време да го пробате овој здрав рецепт, пита од тиква без шеќер. Ќе ви се допадене овој вкусен десерт, а посебно ќе ви се допадне што содржи многу малку калории па може да ја подготвувате почесто.

СОСТОЈКИ:
Пандишпан:
280g бадемово брашно
1 јајце
2 лажички кокосово масло
1 лажичка цимет
прстофат сол

Фил:
4 лажички пире од тиква
3 јајца
240ml слатка павлака
2 лажички цимет
1 лажичка ѓумбир
1/2 лажичка мускантно оревче

ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 200 степни Целзиусови. Во еден сад измешајте бадемово брашно, кокосово масло, цимет и јајце. Додајте малку сол и мешајте додека тестото не се формира, а потоа продолжете да го месите со рацете.

Ставете го тестото во сад на хартија за печење и покријте го со друга хартија. Ставете го тестото во калап, полека притиснете го и оставете го настрана додека не направите фил.

Во друг сад измешајте го пирето од тиква, цимет, ѓумбир и мускантно оревче. Потоа, додадете ја слатата павлака и мешајте додека состојките не се соединат. Додавајте ги јајцата едно по едно и сето тоа добро измешајте го додека не добиете фил.

Филот посипете го врз тестото и израмнете. Вака подготвената пита ставете ја да се пече 45 минутИ, потоа извадете ја и оставете ја да се излади, а потоа послужете ја. Декорирајте со шлаг и цимет.