Три килограми марихуана пронајдена кај 40 годишен штипјанец – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/18 10:42 AM

Три килограми марихуана пронајдена кај 40 годишен штипјанец

77 килограми марихуана била пронајдена кај 40 годишен штипјанец, соопшти портпаролката на СВР – Штип, Гордана Панајотова  која истакна дека амрихуаната е пронајдена кај Б.С кој пред два дена со велосипед се движел по регионален пат Штип – Плачковица, кај селото Стар Караорман.

Тој не застанал на наредбата на полициските службеници, по што откако е фатен, кај него пронајдени се две најлонски ќеси со марихуана со тежина од околу три килограми и осум рачно изработени цигари, џоинт.

– Вчера на 2 ноември извршен е претрес, реализиран по судска наредба, во домот и помошните простории на улицата „Сремски фронт” во Штип, каде што живее лицето Б.С, при што пронајдени се повеќе најлонски вреќи со наркотична дрога марихуана, со севкупна тежина од 74 килограми и други предмети, појасни Панајтова.

Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет накротични дроги, психотропни супстанци и прекусори” и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.