Вооружан напаѓач убил две лица и ранил уште тројца, во вооружен напад во центар за јога во градот Талахасиј во Флорида. Меѓу мртвите е и напаѓачот, соопштила полицијата.
Полицијата во Талахасиј добила повик дека во дел од градот се слушаат истрели.Полицајците веднаш реагирале и пристигнале во центарот за јога каде нашле неколку жртви со прострелни рани, им изјавил на медиумите висок полициски претставник.
Градоначалникот на Талахасиј , Еднрју Џилам објавил дека ја прекинува предизборната кампања пред парламентарните избори кои во САД ќе се одржат во вторник.


