Две лица се убини,а тројца ранети во вооружен напад во центар за јога во Флорида – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/18 10:23 AM

Две лица се убини,а тројца ранети во вооружен напад во центар за јога во Флорида

Вооружан напаѓач убил две лица и ранил уште тројца, во вооружен напад во центар за јога во градот Талахасиј во Флорида. Меѓу мртвите е и напаѓачот, соопштила полицијата.

Полицијата во Талахасиј добила повик дека во дел од градот се слушаат истрели.Полицајците веднаш реагирале и пристигнале во центарот за јога каде нашле неколку жртви со прострелни рани, им изјавил на медиумите висок полициски претставник.

Градоначалникот на Талахасиј , Еднрју Џилам објавил дека ја прекинува предизборната кампања пред парламентарните избори кои во САД ќе се одржат во вторник.