Уште едно ѕвездено небо за Тоше (ФОТО + ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/18 8:31 AM

Уште едно ѕвездено небо за Тоше (ФОТО + ВИДЕО)

Тоше беше идна светска ѕвезда. Да беше жив ќе ни подареше стотици хитови, но судбината прерано го зеде – порача вчеравечер од сцената англискиот продуцент, Енди Рајт во чие студио е создаден новиот албум на Тоше Проески Secret place.

Продуцентот се обрати и на македонски со фразата  која стана препознатлива за Тоше – ,,Ве сакам сите”, по што го најави неговиот внук Кристијан кој ја испеа We are blood.

Вчерашниот концерт во чест на големата музичка ѕвезда ги обедини нашите и пејачите од регионот.

Александра Јанева, Антониа Гиговска, Александар Тарабунов, Тамар Тодевска беа само дел од домашните музички имиња кои отпеаја дел од најголемите хитови на Тоше. На сцената се појави и Каролина Гочева која ја потсети публиката на дуетот со Тоше, Немир – песна која своевремено доби и свој видео запис. Настанот го заокружи новата песна на Тоше, Secret place  по која е насловен неговиот најнов албум.

Овој концерт според првичните најави требаше да се одржи на 13 октомври, но беше презакажан.