Три килогами марихуана запленети кај штипјанец – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/18 3:04 PM

Три килогами марихуана запленети кај штипјанец

Основното јавно обвинителство Штип соопшти дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот биле пронајдени околу три килограми наркотична дрога – марихуана, која неовластено ја произведувал и продавал. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, соопшти обвинителството.