На 01.11.2018 околу 24 часот во Полициска станица Штип приведен и задржан е С.С.(30) од село Бучим, радовишко.
Лицето е лишено од слобода поради сомнение дека на 31.10.2018 година заедно со уште три непознати лица насилно ја внеле во возило Ј.А.(18) од село Јунузлија општина Карбинци по што ја однеле во куќата на братот на С.С. во село Бучим.
Според пријавата на Ј.А., С.С извршил обљуба врз нејзе соопшти МВР. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


