На 01.11.2018 година, при преземени мерки за пронаоѓање на исчезнато лице, во 14, 30 часот во водите на река Црни Дрим, на потегот помеѓу дебарските села Таранеш и Бомово, пронајдено е безживотното тело на Ф.С.(58) од Дебар, кој за исчезнат беше пријавен на 30.10.2018 година соопшти МВР.
На местото на настанот извршен е увид предводен од Јавен обвинител и по извршена обдукција констатирано е дека на телото нема траги на насилство.


