До Свети Трифун лозарите ќе ги добијат ветените дополнителни субвенции – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/18 1:48 PM

До Свети Трифун лозарите ќе ги добијат ветените дополнителни субвенции

Најдоцна до 25 декември годинава, лозарите кои предале винско грозје во визбите имаат обврска да достават апликација за субвенции до Платежната агенција за финансиска поддршка во земјоделството.

На последната собраниска седница, премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Панчо Минов,  рече дека субвенциите за предадено грозје во домашна винарија лозарите ќе ги добијат до Свети Трифун.

Пратеникот Минов смета дека тоа е задоволителен рок за лозаропроизводителите, бидејќи кога ја почнуваат новата реколта  тие пари им се најпотребни.

„Ми беше одговорено дека не може субвенциите да се исплатат до нова година, од причина што сеуште се аплицира. Ветување е дека до 14 февруари ќе биде завршена исплатата. За нашиот лозарски крај тоа ќе значи многу“ вели пратеникот Минов.

Како што најави владата, поради лошата година лозарите ќе добијат 1 денар по килограм предадено грозје дополнителна субвенција.

Откако производителите на грозје добија ветување за исплата на субвенциите,  за нив сеуште проблем е исплатата на долгот од визбите. „Стефан вајнари“ им доли 400 илјади евра, но сопственичката на оваа винарија ја развлекувала пред стечајната постапка.

„Побарав министерството за правда да се заинтересира за предметот кој повторно е во основен суд Гостивар. Да се осуетат сите можни блокади од типот на правни искористувања и од стечајната маса  90 отсто од лозарите да се исплатат“ рече Минов.

Пратеникот информира дека се прават напори пари да добијат и лозарите кои грозјето го предале во неготинската винарија „Повардарие“ во 2015 и 2016 година.

„Ми беше ветено дека лично премиерот, преку министерот за земјоделство ќе се ангажира. И целта е да се најде солуција Повардатрие да ја исплати 2016 година за која долгот е од 100 илјади евра, а долгот за 2015 да се исплати по добивањето на субвенции од државата“ нагласи Минов.

По напревените анализи лозарите оваа производна реколта ја оценија како мошне лоша, поради големите штети на родот од болестите, штетниците, но и врнежите од град.

Aнгел Данов