Гермаска амбасада: На работа во Германија само со виза – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/18 12:56 PM

Гермаска амбасада: На работа во Германија само со виза

Поради низа известувања што во последно време се објавуваат во медиумите во врска со постапката за виза за работа во Германија, германската Амбасада во Скопје соопштува:

Известувањата за нов закон што ќе влезе во сила од 1.1.2019 г. и на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи да се вработат во некоја ЕУ-држава под истите услови како граѓаните на земјите-членки на ЕУ, не се точни.

На граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ потребна им е како досега, така и по 1.1.2019 г., валидна работна виза во Германија. Барањето за виза може да се поднесе само во германската Амбасада во Скопје и само таму се издава визата.

Амбасадата укажува уште еднаш на тоа дека таа не соработува со посредници или агенции. Преку нив не може да се добие ниту термин порано ниту пак да се забрза визната постапка. Таксата за виза изнесува по правило 75,- евра и се наплаќа во готово (исклучиво во ЕВРА) директно на шалтерот за виза кога се поднесува барање за виза. Други такси нема во Визното одделение. Добивањето на обрасците и на упатствата, како и закажувањето на терминот се бесплатни.

Ве молиме да се информирате на веб-страната на германската Амбасада за предусловите и за времето на чекање за добивање на работна виза.

www.skopje.diplo.de