Продолжуваат активностите за рушење на старите куќи кои се закана за минувачите и околината во Кавадарци. Локалната самоуправа сериозно се зафати со решавање на овој проблем, кој ги мачеше кавадарчани подолг период.
Денеска се рушеше втората куќа, од вкупно 10 такви.
„Во изминатите 10 години била прогласена само една склонопадна куќа. Имајќи во предвид дека вистинската ситуација е малку поинаква, општински комисии излегоа на терен и регистрираа десет такви објекти, во многу лоша состојба. Направивме записник и ги известивме сопствениците дека е потребно или да ги санираат или да ги отстранат старите објекти, вели градоначалникот Митко Јанчев .
Од општината објаснуваат дека руинирани објекти се рушат после подолг период од речиси 60 години.
„На локацијата каде се срушени првите две куќи ќе биде изграден тротоар и оваа црна точка во сообраќајот ќе стане безбедно место за сообраќај и за пешаците“ велат од општинската прес служба.
Ангел Данов


