Удрен пешак во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/18 10:12 AM

Удрен пешак во Скопје

На 01.11.2018 годинa во 18.30 часот на улица „Ѓорче Петров” во Скопје, Ј.Ј.(51) од село Горно Јаболчиште, велешко, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Голф” со велешки регистарски ознаки, удрил во пешакот Х.Ш.(18) од Скопје соопшти МВР.

По незгодата, со возило на брза помош, Х.Ш. била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.