Сe окрупнува отпорот против изградба на цинкара во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/18 8:13 AM

Сe окрупнува отпорот против изградба на цинкара во Кавадарци

Голем број кавадарчани деновиве го ставија својот потпис на петицијата против изградбата на цинкара во Кавадарци. Тие се против отворањето на објект од тешката индустрија, бидејќи стравуваат за своето здравје.

Екологистите се децидни, не е потребен нов објект кој ќе го загадува воздухот во Кавадарци, бидејќи и сега Кавадарци е еден од најзагадените градови во земјава.

Еколошката иницијатива доби поддршка и од советничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во советот.

„Како претставници на граѓаните во Советот на општина Кавадрци, се грижиме за здравјето на нашите сограѓани. Се грижиме да нашите сограѓани живеат во здрава животна средина. Тоа е севкупен наш интерес.Тоа е интерес на секој оној кој живее на територија на општина Кавадарци. Сите ние сакаме нашите најблиски да живеат во една чиста и здрава животна средина “ вели Петар Николов од советничката група на СДСМ и им порача на граѓаните да останат спокојни, бидејќи советнците на СДСМ нема да подржат било какво решение кое ќе го загрози нивното здравје.

Со ист став излегоа и советниците од ВМРО-ДПМНЕ. И тие се против отворањето на цинкара, а ја подржуваат еколошката акција за собирање потписи.

„Пред неколку месеци оваа тема беше два пати ставена како точна на дневен ред на советот на општина Кавадарци, каде што советниците на ВРО-ДПМНЕ едногласно гласаа против и оваа точка не помина. Затоа сакаме да ја информирмае јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ и советничката група нема да поддржат нешто што е на штета на здравјето на граѓаните на општина Кавадарци“ вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Нешковски.

По ова прашање нема потреба повторно да се дискутира или да се прегласува – дециден е градоначалникот Митко Јанчев.

Aнгел Данов