Откорната и украдена ѕвездата на Горан Пандев од струмичкиот плоштад – ММС
ММС

Објавено на: 11/1/18 3:07 PM

Откорната и украдена ѕвездата на Горан Пандев од струмичкиот плоштад

Непознати сторители синоќа ја откорнале и украле ѕвездата посветена на Горан Пандев од струмичкиот плоштад. Случајот е забележан рано утрово од минувачи кои интервенирале до општината. Станува збор за ѕвезда од бакар што општинските власти ја поставија во 2010 – та година на центарот од струмичкито плоштад во знак на благодарност што Горан Пандев освојувајки ја Лигата на шампиони и Светскиот КУП со Интер ја промовирал Струмица. Струмичани го осудија овој вандализам и побараа да бидат санкционирани сторителтие

,,Место да се гордееме дека имаме струмичанец кој освоил титули и дал огромен придонес за струмичкиот и македонскиот фудбал ние му возвраќаме со лошо. Институциите веднаш да го пронајдат сторителот или сторителите оти ова е за секаква осуда и веднаш да се врати ѕвездата,, коментираа струмичани кои беа ужаснати од потегот на непознатите сторители

Од општината Струмица го осудија вандалскиот чин, кои ѕвездата ја постави во 2010 тата кога беше реконструиран струмичкиот плоштад.

,,Наши екипи работат на расветлување на случајот и откривање на сторителите“, информираа од струмичката полиција кои излегоа на терен и извршија увид

Познатиот фудбалер во чија чест беше поставена и ѕвездата, Горан Пандев не сакаше да го коментира случајот.