Со предлог протокол до системско решение за постапување при проценка на ризик за компании кои аплицираат за грантови од Фондот за иновации и технолошки развој.
Системско решение, јавно, транспарентно и со еднаков третман на сите компании предвидува предлог протокол за доделување грантови од Фонодот за иновации и технолошки развој. Со пополнување на апликација всушност ќе се прави проценка на ризик за одржливи бизниси.
„Нашата цел е целиот пакет на решенија, при само аплицирање дали во компанијата односно сопственичката структура дали има носител на јавна функција или не, да знаеме како понатаму да се процесираат тие апликации, значи ние ниту охрабруваме ниту обезхрабруваме компании каде што имаме носител на јавна функција да се пријават или да учествуваат“, вели Јован Деспотовски, директор на Фоднот за иновации и технолошки развој.
Со измена на Законот за спречување на перење на пари и финасиски тероризам се воведе обврска за пријавуавње на вистински сопственици.
„Ние укажавме на новите барања кои произлегуваат и од нашето законодавство и оваа година се донесе нов Закон за спречување на перење пари во кој закон постои дефиницијата за тоа кои се лица кои што се носители на функции или политички експонирани лица и каков да биде нивниот третман. Државата веќе пристапи кон Законот за спречување на перење пари и финасирање на тероризам кај што се воведе обврската за пријавуавње на вистинските сопственици на компаниите, каде на таа обврска деновиве интензивно се работи во соработка помеѓу управата и Централниот регистер, за да се обезбеди регистар на лица кои ќе бидат вистински сопственици на компаниите кој што ќе може да биде достапен и на институциите кога ќе ги вршат своите проверки. Потребата од проверката на судирот на интересите, преку обврската за декларирање на тие интереси кај сите што учествуваат во одредени постапки, интереси треба да пријават сите функционери до Државната комисија за спречување на корупција тоа сега го воведовме во новиот закон за спречуавње на корупција кој што вчера влезе во собраниска процедура“, вели Слаѓана Тасева од Транспаренс интернешнл.
На прашање дали парите се доделени или не на четирите компании кои аплицриаа за финасии од јавни фондови а при тоа во нив имаше носител на јавна функција, Деспотовски се изјасни дека постапката за нив е запрена.
„Четирите фирми сами се декларираат дека во самата сопственичка структура имаат носител на јавна функција или лица од дефиницијата, или кој е член од потесно семејство, постапката за нив е запрена. Ниту се потпишани договори, ниту се доделени средства, за сите преостанати 70 и нешто повеќе компании постапката за нив си тече нормално, тие се исплатени. За овие четири компании откако ќе го завршиме протоколот, тие ќе бидат првите за кои ќе се направи проценка на ризик за да можеме објективно да видиме дали тие четири компании имаат одржлив бизнис не зависно од тоа што во моментот член на нивната сопственичка структура врши јавна функција или не, врз основа на која проценкта Комитетот повторно ќе одлучува за нивните апликации. Ова е системско решение кое откако ќе го ставиме во практика тие ќе бидат првите на кои ова системско решение ќе се примени. Откако ќе бидат изготвени проценките за ризик, може да ги споделиме за да може да се види за сите тие компании по сите елементи каква е проценката, и врз основа на таа проценка за ризик. Врз основа на таа проценка на ризик дали имаат одржлив бизнис или се наменски формирани. Нашата цел е да овозможиме еднаков третман на сите компании, не смее и нема да дозволам да има компании кои се дискриминирани , ниту пак компании кои ќе бидат фаворизирани“, вели Деспотовски.
Од Фондот за иновации информираа дека апликацијата ќе биде поставена на на нивната веб страница, каде ќе може да се даде коментар или пак предлог како да се подобри системското решение на предвидениот протокол.


