Најдобриот млад научник ја доби наградата „Осми ноември“ во Неготино – ММС
ММС

Објавено на: 11/1/18 10:11 AM

Најдобриот млад научник ја доби наградата „Осми ноември“ во Неготино

 

Неготинецот Сретен Давидов прогласен за најдобар млад научник кој работи во полето на електротехниката е добитник на највисоката општинска награда 8-ми Ноември која се доделува по повод  празникот на општина Неготино.

Ваквата одлука ја донесоа советниците во неготинскиот совет на синоќешната седница. По повод општинскиот празник ќе бидат доделени и признанија 8 ми ноември.

„Постхумно признание се доделува на Илија Ѓорѓиев-стопанственик, пратеник во Парламентот на РМ, потпретседател на општинското Собрание и истакнат и успешен спортски работник, Димитар Ѓорѓиев од областа на спортот, д-р Диме Трајковски од областа на здравството, Велика Димова-хуманист и Павлинка Вељановска-од областа на културата“ информира референтот за односи со јавноста во локалната самоуправа, Методи Митрев.

Наградите и признанијата ќе ги додели градоначалникот Тони Делков на свечената седница која ќе се одржи на 8 ми ноември.

Ангел Данов