Неготинецот Сретен Давидов прогласен за најдобар млад научник кој работи во полето на електротехниката е добитник на највисоката општинска награда 8-ми Ноември која се доделува по повод празникот на општина Неготино.

Ваквата одлука ја донесоа советниците во неготинскиот совет на синоќешната седница. По повод општинскиот празник ќе бидат доделени и признанија 8 ми ноември.
„Постхумно признание се доделува на Илија Ѓорѓиев-стопанственик, пратеник во Парламентот на РМ, потпретседател на општинското Собрание и истакнат и успешен спортски работник, Димитар Ѓорѓиев од областа на спортот, д-р Диме Трајковски од областа на здравството, Велика Димова-хуманист и Павлинка Вељановска-од областа на културата“ информира референтот за односи со јавноста во локалната самоуправа, Методи Митрев.
Наградите и признанијата ќе ги додели градоначалникот Тони Делков на свечената седница која ќе се одржи на 8 ми ноември.
Ангел Данов


