Почина повредениот во престрелката во Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 11/1/18 8:49 AM

Почина повредениот во престрелката во Куманово

Повредениот од огнено оружје во престрелката во Куманово им подлегна на повредите, потврдија од Ургентниот центар во Скопје, пренесе Македонската информативна агенција.

Лицето беше повредено синоќа околу 18:30 часот во Куманово во инцидент на улицата „Тоде Мендол” по претходна вербална расправија меѓу две семејства.

Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.