Тетовските советници денес едногласно ја изгласаа предлог одлуката за решавање на проблемот со кучињата скитници.Дваесет кучиња месечно, или 240 годишно ќе се заловуваат а потоа и згрижуваат во стационар на веќе постоечки објект кај Комунална хигиена во Тетово.
Кучињата скитници од градот ќе бидат соодветно третирани по различни постапки а потоа и згрижени во стационар на улица Гостиварска, кај Комунална хигиена. Според програмата месечно ќе бидат заловени дваесет кучиња, за чија цел ќе се одвојуваат 500 илјади денари, пари од буџетот на општина Тетово.
Ова предвидува предлог-програмата која едногласно беше усвоена на денешната седница на советот на општина Тетово, со чија реализација треба да се реши еден од најголемите проблем на градот.
На седницата меѓу другото, беше решено и дека улиците Страшо Пинџур, Тодор Циповски Мерџан, Борис Кидрич кај основното учИлиште Братство и улицата Кузман Јосифоски Питу да бидат едносмерни зашто како што беше објаснето во образложението, не ги исполнуваат критериумите за двонасочен сообраќај.
Зоран Димовски


