Хуман човек понудил земјиште за изградба на центар за деца со попречености – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/18 4:11 PM

Хуман човек понудил земјиште за изградба на центар за деца со попречености

Ми се јави некој на телефон и се претстави со растреперен глас. Помислив дека е уште еден од родителите на децата со посебни потреби, кој сака да сподели мака со мене. Вака почна да ни го раскажува Зоран Мијалков од Здружението „Сплотни срца“ и татко на две деца со аутизам, телефонскиот разговор што неодамна го водел.

Подоцна, во разговорот и мене ме расплака, кога слушав што сакаше човекот да ми каже, продолжи Мијалков. Неговиот соговорник понудил да им ја отстапи земјата што ја поседувал во близина на селото Таринци, откако слушнал дека родителите се обидуваат да дојдат до земјиште каде ги изградиле рехбилитациски центар за деца и возрасни со посебни потреби.

-Тој ја видел нашата мака, нашата борба, бидејќи неговиот син е во странство и не планинал да се врати, нивата стоела необработена со години, се договориле со синот да ни излезат во пресрет и да ни ја подарат. Убавото е што има вода и струја до нивата и сега останува да работиме на тоа како да ја подарат, изјави Мијалков.

Родителите на децата со посебни потреби, обединети во Здружението „Сплотени срца“ веќе имаат собрано донации од 100.000 евра. Наскоро почнуваат кампања со продажба на маици во Канада и САД, преку што ќе собераат средства за планираниот рехабилитационен центар. Проценките се дека за изградбата ќе треба многу повеќе, но првично е да се обезбеди земјиште.

-Проценката за тој центар е дека ќе чини од 500.000 до 600.000 евра. Меѓутоа дел од тие пари нема да бидат како пари, бидејќи ќе бидат донации од градежни фирми, работни групи се согласија да работат. Значи ќе чини многу помалку, бидејќи во изградбата на овој центар ќе се вклучиме сите, вели Мијалков.

Родителите се надеваат да дојдат до земјиште, кое е блиску до градот, со цел родителите кога ќе изнемоштат, да можат да бидат поблиску до своите деца. Самиот Зоран Мијалков, кој е на чело на оваа борба за простор, е подготвен да ја отстапи својата куќа на државата по неговата смрт, само институциите да помогнат во обезбедувањето на центарот, каде нивните деца би биле згрижени.