Се чека конечната потврда: Еуроникел го достави ревидираниот план за реорганизација на Фени индустри – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/18 3:46 PM

Се чека конечната потврда: Еуроникел го достави ревидираниот план за реорганизација на Фени индустри

Џисол/Еуроникел го достави ревидираниот план за реорганизација на Фени индустри и ја очекува конечната потврда. Од таму велат дека откако ќе се прифати планот за реорганизација веднаш и ќе стартуваат со спроведување на инвестициските планови.

Раководството на кавадаречкиот комбинат за никел Фени индустри го дополни планот за реорганизација на компанијата како што бараше Апелациониот суд и го достави на повторно разгледување. Планот, како што соопштија од Еуроникел/Џисол добил позитивни препораки од одборот на доверители на Фени АД во стечај како и од стечајниот управник, направено според законските барања се’ со цел што побрзо завршување на стечајната постапка и започнување на процесот за нови инвестици во фабриката.

Од Џисол велат дека сториле се што е потребно за нормална работа на Фени и дека немало простор за непотребно трошење време и дека собранието на доверители повторно ќе гласа за планот за реорганизација.Потенцираат дека спасот на Фени е извесна иднина со проширување на производството, поголеми плати, нови вработувања и работа на сите светски пазари за фероникел. За компанијата Фени не смее да губи време на нерешен статус зашто 800 вработени бараат сигурен статус  и добивање на ветените плати, како и 200 компании од регионот со кои соработуваат.

Инаку, уште во јуни беше прифатен планот од Одборот, а подоцна и усвоен  од Собранието на доверители. За тоа време беше вратен за одредени технички корекции, и сега повторно е доставен до судот, по што се чека конечната судска одлука. Од Одборот на доверители сметаат дека ова е позитивен план кој ветува резултати и веруваат дека и надлежните органи како и судските власти ќе го препознаат тоа.

Пред некој ден Апелација од Џисол/Еуроникел како инвеститор во кавадаречки Фени во одлуката во стечајниот процес побара неколку појаснувања во планот за реорганизација а кои ќе се спроведуваат во најкус рок во оваа фабрика.