Алијанса за Албанците: Итно да се реформира и деполитизира Републичкиот судски совет – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/18 1:08 PM

Алијанса за Албанците: Итно да се реформира и деполитизира Републичкиот судски совет

Републичкиот судски совет е трансформиран во гласачка машинерија – обвинува партијата Алијанса за Албанците. Оттаму сметаат дека Македонија нема намера да го реформира судството, а реакцијата доаѓа по вчерашниот избор на Субхи Јакупи за виш судија во управен суд.

Јакупи кој е кадар на ДУИ беше принуден да поднесе оставка заедно со другите колеги од ДИК, откако амбасадорот на САД, Џес Бејли обелодени дека тие покрај редовната плата, си делеле и по неколку дополнителни плати за себе, но и големи финансиски средства за патување, спротивно на сите постојни нормативи и критериуми за овие намени.

Алијансата за Албанците денеска прашува – каков морален кредибилитет и личен интегритет има Сухби Јакупи за да ја извршува судската должност?

Партијата на чие чело стои Зијадин Села бара итно да се преземат мерки за реформирање и деполитизација на Републичкиот судски совет од партиските членови на СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, а нивните забелешки сериозно да бидат разгледани од Амбасадата на САД во Скопје и Канцеларијата на ЕУ