„Фала ти Петре за крш автобусите што ми ги даде..“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/18 12:19 PM

„Фала ти Петре за крш автобусите што ми ги даде..“

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов синоќа преку комични и сатирични оценки за неговата работа даде отчет за сработено во првата година од неговиот мандат.

На вечерата „Скопска прес дружба“, на која присуствуваа новинари, градоначалници, директори на јавните претпријатија на Град Скопје, како и дел од министрите во Владата, за работата на Шилегов говореа новинарот Сашо Ордановски, Бранко Огњановски и градоначалничката на Битола Нашата Петровска. Тие се шегуваа за комарците, проблемот со кучиња скитници, загадениот воздух, ваучерите за пијани возачи, сообраќајниот метеж…

На вечерата која градоначалникот ја организираше за една година од неговиот мандат дојдоа и министерската за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за здравство Венко Филипче. (Фото: Град Скопје)

„Бидејќи градоначалникот дели субвенции за сè и сешто, за печки на пелети, велосипеди, електрични тротинети, за чистење оџаци, јас предлагам да даде субвенции и на Градежен факултет за да воведат предмет како се поставуваат шахти на улиците. Нема ниту една улица на која шахтата е рамна со асфалтот, или се над или под улицата“, се пошегува Бранко Огњановски.

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска му се заблагодари на нејзиниот колега Шилегов за трите автобуси од јавниот превоз во Скопје, што ѝ ги подарил за превоз на учениците.

„Фала ти Петре за трите крш автобуси што ми ги подари. Си ми ги оставил и отчитувачите и сега не знам како да наплатувам. А најстрашно од сè  е што на нив пишува ‘скопска’, а во Битола тоа звучи лошо. Ама да не застане тука нашата соработка. Сакам да ми дадеш и една галија“, му порача Петровска на Шилегов.

Целиот текст можете да го прочитате на: скд.мк