Подарените дела од Чехословачка изложени во Музејот на современа уметност – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/18 10:37 AM

Подарените дела од Чехословачка изложени во Музејот на современа уметност

Со изложба на делата кои уметниците од Чехословачка ги подариле во знак на  поддршка по катастрофалниот земјотрес во Скопје,  Македонија се приклучи кон одбележување на стогодишнината од формирањето на Чехословачка.

Уметниците донирале над 200 дела, а 65 од нив од вчеравечер се изложени Музејот на современата уметност во Скопје.

Донираните уметнички дела припаѓаат на широк спектар уметнички правци – потенцира амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Томан.

„Повеќето уметници прикажани тука веќе ги прикажале своите уметнички дела на најпознатите изложби во Париз, Венеција и така натаму“, додаде тој.

Словенечкиот амбасадор пак,  Хенрик Маркуш вели дека освен уметнички дела, Чехословачка тогаш донирала и финансиски средства:

„Сите овие донации се направени по ужасниот земјотрес во 1963 во Скопје како знак на добра волја и поддршка. Чехословачките уметници организирале акција за собирање дела и реагирале преку нивната Унија на ликовни уметници. Отткогаш некои делови на чехословачката колекција три пати биле изложувани во музејот. Чехословачка по земјотресот не донираше само дела туку и финансиски средства“.

На вчерашното отворање на изложбата, амбасадорите  им врачија награди на децата од Македонија кои учествувале на Меѓународниот натпревар за деца Лидице.

Овој натпревар е основан во 1967 годинна, во спомен на децата жртви од чешкото село Лидице, кои биле убиени од германските нацисти. Изложбата станала меѓународна во 1973 година и оттогаш е позната меѓу децата и учителите од целиот свет. Повеќе од 25 илјади уметнички дела редовно се испраќаат од децата не само од Чешка и Словачка туку и од шеесетина други земји, меѓу кои и нашата.