Потпретседателот на бугарската влада и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, негираше дека неговата партија се финансира од издавањето на бугарски државјанства за Македонците. Бугарското Обвинителство по откривањето на скандалот покрена 4 обвиненија, вклучувајќи го и обвинението против директорот на Агенцијата за Бугарите во странство, Петар Харалампиев. Полицијата претходно приведе 20 луѓе под соменевање дека се вмешани во скандалот за издавање на бугарски државјанства за пари, при што износите достигнувале и до 5000 евра.
Бугарскиот пратеникот Велизар Енчев, обвини дека ВМРО на Каракачанов се финансира од овие пари, земени како мито за обезбедување бугарски документи. При тоа, Енчев ги цитираше наводите од поранешната директорка на Агенцијата, Катја Матева.
-Под раководство на партијата на Каракачанов е услугата продажбата на бугарски пасоши за Македонци преку две канцеларии за превод и легализација и канцеларија на двајца адвокати – Иванов и и Христов. Претседателот на ВМРО земал од 550 до 1500 евра на секој македонски граѓанин да го направи Бугарин и тука има и факти, цитираше пратеникот Енчев.
Водителот во „бТВ“ пред Красимир Каракачанов ги прочита наводите на поранешната директорка на Агенцијата, Матева, доставени до Државната агенција за национална безбедност на Бугарија (ДАНС).
-Основниот извор на пари на ВМРО под претседателство на Каракачанов е продажбата на бугарски државјанства на Македонци, преку две фирми за превод и легализација на Петар Колев – канцелариата во Трговскиот дом и на Ванчо Наќев преку канцеларијата во хотел „Рила“, под ракоовдство на адвокатите Росен Иванов и Христо Христов, цитираше водителот на „бТВ“.
Карасимир Каракачанов во интервјуто демантираше поврзанот.
-Тука има многу условни обвинениија дека таа канцеларија или некоја друга што беше спомена се занимавала со тоа. Кој го докажа тоа дека тие канцеларии и наборение лица се занимавале со тоа: Има ли докази?
Тој потсети на времето кога министер за иселеништво беше Божидар Димитров, кој ја застапуваше тезата дека секој Македонец кој ќе побара треба да добие бугарско државјанство. Што се однесува до Македонија, рече Каракачанов, има факти дека неговата партија, следејќи ја бугарската кауза, со години ги помага Бугарите во Македонија преку стидендии, културни манифестаци и организации и друга помош.


