Внукот на Тоше ја објави целосната верзија на песната насловена „We are blood“ (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/18 8:07 AM

Внукот на Тоше ја објави целосната верзија на песната насловена „We are blood“ (ВИДЕО)

Кристијан Ристески, внукот на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески ја објави целосната верзија на неговата најнова песна „We are blood“.

Песната Кристијан ќе ја изведе во петок, во ВИП арената „Борис Трајковски“, за кога е закажан хуманитарниот концерт во чест на Тоше Проески каде ќе биде промовиран и неговиот посхумен музички албум „Secret place“.