Времето денес: Сончево со мала до умерена облачност. – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/18 7:39 AM

Времето денес: Сончево со мала до умерена облачност.

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 12 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Следува период на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината.