Четири лица се повредени во сообраќајна незгода која денес се случи на локалниот пат кој ги поврзува тетовските села Џепчиште и Требош. Една од сопатничките пренесена е на Скопските клиники. Инаку во деветте месеци од годинава евидентирани се 865 сообраќајни незгоди.
Сообраќајна незгода со четворица повредени се случи денес на локалниот пат кој ги поврзува тетовските села Џепчиште и Требош. Во неа, со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи учесници во несреќата, и една сопатничка. Друга сопатничка по укажаната медицинска помош во Клиничкиот центар Тетово пренесена е на Скопските клиники.
Несреќата се случила на пладне, околу 12 часот, а во неа учествувале возилата Киа Карнивал и Голф. Поради увидот на лице место, сообраќајот на овој патен правец бил во прекин околу 2 часа.
Инаку, Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со сообраќајно-контролните активности на подрачјето со цел побезбеден сообраќај. Во деветте месеци од годинава, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведени, односно реализирани се близу 700 акциски и засилени сообраќајни контроли.
Зоран Димовски


