Методи на рано откривање на ракот на дојката, животна фази од појавата на оваа болест, самоконтрола, се само дел од дискусиите на трибината организирана од Општина Тетово и невладината организација Женски форум, која се одржа во Тетово по повод светскиот месец на ракот против дојката.
Ваквите трибини редовно влодуваат со плод за рано откривање на ракот на дојката, потенцираше градоначалничката на Тетово Теута Арифи која присуствуваше на трибината.
Таа се пофали дека Клиничката болница во Тетово ја има потребната современа апаратура, но и стручен кадар за рано откривање на ракот на дојката.
Уште од 1985 година, октомври е прогласен месец за свесноста за ракот на дојката. Препознатлив симбол на светскиот месец против рак на дојка е розовата панделка.
Зоран Димовски


