Започна сезоната на загаден воздух. Тетово синоќа беше на врвот по аерозагаденост во Македонија. Мерната станица покажа дека присуството на штетните ПМ 10 честичките во воздухот, беа за три пати поголеми од дозволените граници.
Тетовци синоќа се гушеа во загаден воздух. Концетрацијата на штетните ПМ десет честички во воздухот беа за три пати поголеми од дозволените граници. Градот под Шара се искачки врвот по аерозагаденост во Македонија, зад нас беше Гостивар.
Сообраќајот, урбаниот хаос, големата нехигиена но и индистријата се главни причини за загадениот воздух. Но кој колку загадува не се знае.
Невладините но и Општина Тетово изманативе години прстот го вперува во Југохром како најголем загадувач. Но, комбинатот не работи две години, а тетовци се уште дишат екстремно загаден воздух.
Експертите советуваат инспекцијата да работи повеќе на терен и да ги контролира пред се индустриските капацитети но и диви депониии кои повремено се палат и влијаат на зголемување на аерозагаденоста.
Засега властите не преземаат конкренти мерки за намалување на аерозагаденоста, Напротв директно со своите постапки придонесуваат за зголемување на концетрацијата на штетните ПМ десет честички во воздухот. На претоварната станица кај тетовски Требош се уште има купишта смет кои се таложат на земја. Мини диви депонии има низ Тетово поради нередовно собирање на сметот, а низ градот постојано се разнесува прашина од самите улици и тротоари кои не се мијат редовно.
Зоран Димовски


