Се’ за храна: Запечени шампињони со павлака и кашкавал – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/18 11:24 AM

Се’ за храна: Запечени шампињони со павлака и кашкавал

Ви треба идеја за ручек или вечера? Нема да можете да одолеете на нашиот вкусен рецепт! Имавме супер инспирација, кремастата Битолската павлака ни е омилена со секој оброк! Па, пробајте го нашето брзо и лесно јадење, супер комбинација со печурки и кашкавал. Одлична за мезе со пријателите, за опуштени седенки со домашните, за секој ден!

Состојки:

  • 300 г свежи шампињони
  • 400 г  павлака
  • 300 г изварка
  • 200 г кашкавал
  • 1 мала лажичка оригано
  • сол и црн пипер по вкус.
  • малку маслиново масло.

Подготовка:

  1. Шампињоните измијте ги и исечкајте ги на тенки листови со дебелина од 3-5мм. Поделете ги на два дела и ставете ги во две земјени мали тави. Во тавите поросете оригано, ставете малку маслиново масло и измешајте ги печурките.
  2. Печурките ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени за време од 10 минути.
  3. Во меѓувреме измешајте ја павлака и изварката. Во смесата додајте една мала лажичка оригано, сол и црн пипер по вкус. Измешајте додека добиете кремаста хомогена смеса.
  4. Врз запечените печурки, во двете тави додајте ја смесата со павлака и зачини. Врз смесата ставете листови или рендан кашкавал. Тавите вратете ги во рерната и печете уште 10 минути, додека кашкавалот се растопи и порумени.
  5. Запечените печурки со павлака и кашкавал послужете ги додека се топли со фурнаринки или мини лепчиња по желба. На здравје!

Превземено од: sezahrana.mk