Лидерот на Достоинство, а сега дел од владината колација, Стојанче Ангелов е еден од седумте предложени кандидати за добитници на Осмоноемвриското признание, што Општината Штип го доделува во чест на Денот на ослободувањето на градот, 8-ми Ноември. Ангелов, кој сега е советник во М-НАБ Контрола за летање, е предложен за признание за граѓани заслужни за афирмација на Штип од областа политика.
Покрај Ангелов, на листата со предлози се уште актерката Јелена Јованов, сега актуелна по телевизиската серија „Преспав“, потоа новинарот Мишко Иванов, професорката на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Билјана Балабанова од областа образование, музичарот Кирил Кузманов, граѓанскиот активист Трајче Митев и компанијата „Кит – Го“, како општествено одговорна компанија, информираа од Општината Штип.
Комисијата за избори и именување претпладнето ги препрати овие предлози до Советот на Општината, кој понатаму ќе ја донесе конечната одлука.
Сепак, два од овие седум предлози ќе отпаднат, бидејќи треба да биде доделени само пет Осмоноемвриски признанија.
Доделувањата на признанијата ланската година беа предмет на реакции, пред се’ кај опозициската ВМРО ДПМНЕ, која имаше забелешка што доби признание Горан Трајков за промоција на правата на текстилните работниците, кој потоа беше именуван за директор на општинската институција „Дом на млади.


