Познатиот тенисер Андре Агаси влезе во тимот на првиот рекет на Бугарија, Григор Димитров. Агаси, кој има 8 титули од Големиот слем, пристигна во Париз, каде ќе му помага во подготовките на Димитров за последниот турнир од сериите Мастерс за оваа година.
Американецот вчера го гледеше двочасовниот тренинг под раководство на Дани Валверду, кој е личен учител на Димитров повеќе од две години. Двајцата ја коментираа играта на бугарскиот тенисер.
Димитров најверојатно бара промена, откако 2018-та година не беше најдобра за него. Тој забележа само 23 победи во 41 натпревари и дојде до едвај едно финале во Ротердам во февруари. Во последните десет турнири Григор Димитров има само еден пласман за четвртфинале.
Агаси во неколку месеци беше дел од стручниот штаб на некогашниот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, но како повремен тренер и присуствуваше главно на големите турнири.
Агаси почна да работи со Ѓоковиќ пред стартот на минатогодишниот Ролан Гарос, се до март годинава.


