Хари и Меган пречекани на Нов Зеланд со традиционален маорски поздрав – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/18 10:00 AM

Хари и Меган пречекани на Нов Зеланд со традиционален маорски поздрав

Принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл на Нов Зеланд беа пречекани со традиционален маорски поздрав.

Тие учествуваа во хонги односно во триење на носевите со маорските старешини.

Потоа Меган и Хари присуствуваа на пофири – традиционална церемонија на која се танцува и пее.

Двојката на аеродромот беше пречекана од новозеландската премиерка Џесинда Арден.

Извор:МИА