Југохром наредниот месец ќе продолжи да го гради системот за отпрашување. Владата им ветила дека Македонската банка за подршка на развојот ќе им одобри кредит во висина од 1,5 милиони евра за ова намена. Се надеваат дека филтер станицата ќе биде изградена до април наредната година, со што фабриката по пауза од две година, пак ќе го стартува производството.
Од раководството на Југохром, уверуваат дека за неколку недели ќе продолжат со изградбата на фи откако ќе го добијат потребниот кредит од 1,5 милиони евра од Македонската банка за подршка на развојот. Велат дека добиле ветување од владата, дека со сигирност ќе го добијат овој заем со поволна каматна стапка.
Тој рече дека во вториот квартал од наредната година станицата ќе биде изградена кога ќе се вратат и работниците. Од синдикатот пак ќе бараат владата да дозволи фабриката да работи паралелно со изградата на филтер станицата.
Југохром не работи точно две години,откако Инспекторатот за животна средина и стави клуч на фабриката поради неисполнуавње на еколошктие стандарди за работа.
Зоран Димовски


