Напад во Питсбург: 11 луѓе загинаа, напаѓачот може да добие и смртна казна – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/18 3:51 PM

Напад во Питсбург: 11 луѓе загинаа, напаѓачот може да добие и смртна казна

Единаесет луѓе загинаа во синагога во американскиот град Питсбург, каде пукал четириесет и шестгодишнен напаѓач, кого властите го идентификувале како Роберт Бауерс.  Според јавниот обвинител на САД, Џеф Сешнс, против напаѓачот  ќе биде покренато обвинение за злосторство од омраза и за други злосторства, врз основа на што тој би можел да заработи и смртна казна.

Единаесетте жртви на нападот кој се смета за најлош анти-семитистички напад во поновата историја на САД, се веќе идентификувани и нивните семејства биле известени.

Претседателот Доналд Трамп го осуди „злото како масовно убиство“, а неговата ќерка Иванка, којашто и самата е преобратена во јудаизмот, изјави дека „Америка е посилна од чинот на секташки и настран антисемитизам“.

„Не смее да има никаква тлеранција за антисемитизмот или кој и да е облик на верска омраза. Мораме да бидеме крај браќата и сестрите Евреи за да ги победиме антесемитизмот и силите на омразата“, изјави Трамп на предизборниот собир во сојузната држава Илиноис, кој е одржан ворамките на кампањата за изборите за Конргесот на 6-ти ноември, на половината од претседателскиот мандат.

Трамп најави дека наскоро ќе допатува во Питсбург. Нареди сите знамиња да бидат спуштени на половина копје во знак на почест кон жртвите. Сите знамиња во Белата куќа, на владините згради, во камповите за воени обуки, во поморските бази и на воените бродови ќе бидат симнати на половина копје до 31-ви октомври.

До нападот дошло кога напаѓачот влегол во синагогата „Дрвото на животот“ во Питсбург и со повиците „сите Евреиу мора да умрат“, отворил оган врз верниците собрани на шабат, седмичниот неработен ден за јудеите.