ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски во „Минка-Енерготек”е косопственик со само 7 отсто, конкурирала за земјиштето кога тој не бил советник – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/18 3:39 PM

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски во „Минка-Енерготек”е косопственик со само 7 отсто, конкурирала за земјиштето кога тој не бил советник

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение реагираше на денешната изјава на пратеникот, Костадинов.

Оттаму тврдат дека фирмата  „Минка-Енерготек” каде претседателот, Христијан Мицкоски е косопственик со само 7% од уделот, конкурирала на тендер во 2014 година, кога Христијан Мицкоски не бил советник во владата и од тој факт , велат од опозицијата, ни лажговците од СДСМ не може да избегаат.

Портпаролот на СДСМ за сите изречени лаги има пет дена да се извини во соодветен формат во кој што и ги пласираше клеветите против Претседателот, Христијан Мицкоски. Доколку тоа не го стори, истиот ќе се соочи со тужба – најавија опозициската партија.

Единствениот аболициран политичар Зоран Заев со ваквите безочни лаги сака да го покрие невидениот грабеж, концесиите и лиценците кои во моментов си ги дели на неговите пајташи Вице и Кочо. Почнувајќи од лиценците за одгледување на марихуана, преку милионските тендери за РЕК Битола и купувањето на „Герас Цунев” по цена од една гарсониера се само дел од матните бизниси со кои империјата на Заеви за една ипол година го зголеми својот капитал за десетици милиони евра. Заеви си доделија и концесии за ископ на глина и купишта градежни дозволи. За да не остане покус, Кочо Анѓушев си доби тендери, лиценци и концесии со милионска вредност. Општиот грабеж го гледаат сите, а Зоран Заев се обидува да го сврти вниманието на јавноста со испраќање на некој послушник кој нешто ќе излаже и ќе замине дома. СДСМ е должен да одговори дали е ова цената на распродажбата на државните и национални интереси? Колку Заеви и Кочо Анѓушев го зголемија својот капитал откако се на власт?

Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си доби држава. Македонија е единствената држава во Европа во која премиер е аболициран криминалец, човек кој целата македонска јавност го виде како бара поткуп, а само партиското судство на СДСМ не успеа да го види очигледниот криминал на Зоран Заев – се наведува во денешната реакција од партијата.