Средба Ахмети-Сера, теми договорот од Преспа и уставните измени – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/18 2:56 PM

Средба Ахмети-Сера, теми договорот од Преспа и уставните измени

Имплементацијата на договорот од Преспа и уставните измени, како и ситуацијата во регионот биле теми на денешната средба на лидерот на ДУИ Али Ахмети со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Емилио Лоренцо Сера.

– Ахмети ги истакна своите очекувања во врска со подршката во Собранието за интегративниот процес на земјата да се зголеми уште повеќе до успешно завршување на процесот. ДУИ ќе го продолжи дијалогот со пратениците и парламентарните партии со цел зголемување на подршката следните месец – соопштија од партијата.

Оттаму информираат дека амбасадорот Сера на средбата што се одржа во Тетово, акцентот ставил на шпанската подршка за интеграцијата на Македонија во НАТО и Европската Унија.

На средбата се дискутирало и за ситуацијата во регионот и актуелните геополитички и геостратешки околности.