Драмата на апсурдот „Недоразбирање“ која прикажува кратка трагедија ќе има своја реприза на 1-ви и на 7 – ми ноември со почеток во 20:00 часот во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Зад режија се потпиша Ана Марковска, која истовремено е и актер во претставата.
Ова искуство од даските што живот значат ќе ве чини само 50 денари.

„Интересот за претставата е огромен, па затоа се одлучивме за повеќе репризи во наредниот период“, вели Соња Пилатова, актер во претставата.
„Недоразбирање“ својата премиера ја имаше на 17 мај оваа година. „Репетициона 4“ која целосно застана зад овој театарски проект, како група постојат веќе осум месеци, а ја сочинуваат: Соња Пилатова, Ана Марковска, Борче Манев и Стефан Михов.


