Утрово регистриран земјотрес во Романија – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/18 8:55 AM

Утрово регистриран земјотрес во Романија

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Централна и Источна Романија. Земјотресот е почувствуван и во Украина, во Молдавија и во Бугарија.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Романскиот Национален геофизички институт соопшти дека земјотресот е регистран во три часот и 38 минути по локално време и траел неколку секунди. Епицентарот бил во реонот на Вранча, Источна Романија на длабочина од 150 километри.