Во Прилеп по трети пат се одржува „Македонско трофи“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/18 3:24 PM

Во Прилеп по трети пат се одржува „Македонско трофи“

Синоќа во Прилеп започна третата по ред, меѓународна трка со џипови „Македонско трофи“, која денеска и утре  ќе се одвива на полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово и низ околината на Прилеп. Околу 240 рели возачи од Бугарија, Црна Гора, од Србија, Косово и од Македонија ги возат возбудливите етапи и трки.

Настанот го организира клубот „Офф роуд“, чиј претседател Панче Чупаркоски вели дека ова е единствен настан од ваков вид во Македонија и годинава има најмногу учесници споредено со изминатите две години.

Новината според него, е ноќното возење, но исто така и тоа што се вози три дена.

„Синоќа за првпат почнавме со ноќна трка. Се возеа четири тешки терени во вкупна должина од 25 километри во рок од четири часа. Денеска се вози од Старо Лагово, прилепско во должина од 60 километри со 8-9 тешко поминливи специјали (етапи). И утре ќе се вози кај Старо Лагово, на полигонот за екстремни спортови и покрај патеката и публиката ќе може да го следи целиот натпревар“, додава Чупаркоски.