Германската полиција уапсила осум мажи во градот Фрајбург поради сексуално злоставување на осумнаесетгодишна девојка. Седуммина од осомничените се сириски државјани на возраст од 19 до 29 години, а осомничен исто така, е и дваесет и петгодишен Германец.
Тамошните медиуми пренесуваат дека веројатно девојката се запознала со најмалку еден од осомничените во ноќен клуб. Постои сомениние дека и’ била ставена дрога во пијалакот.
Полицијата соопштила дека успеала да го утврди идентитетот на неколкумина од осомничените врз основа на ДНК доказите.


