Костадинов: Компанија на Мицкоски експресно добила согласност за изградба на хидроцентрали од владата на Груевски – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/18 2:32 PM

Костадинов: Компанија на Мицкоски експресно добила согласност за изградба на хидроцентрали од владата на Груевски

Конзорциум во кој имал удел актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски добил концесии за користење вода за изградба на хидроцентрали на реката Брегалница и Клепалска рака, само два ипол месеци откако бил основа. Со вакви тврдења денеска на прес конференција излезе пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов.

Имено, Мицкоски во мај 2014 година ја основал компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, која заедно со компанијата „Минка ДА“, основа конзорциум „МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје, што кратко време по основањето добил согласност за изградба на две хидроцентрали, во период кога Владата беше предводена од Никола Груевски.

„Знаел ли антизапдниот и антинародниот Мицкоски однапред дека Владата на Груевски ќе објави повик па затоа формирал фирма? Дали антизападниот Мицкоски веќе онапред ги договорил концесиите што ги добил конзорциумот МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО Скопје, па овој конзорциум бил наменски создаден?“, праша Костадинов на денешната прес конференција.