Беровчанец почина во тракторска несреќа – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/18 10:26 AM

Беровчанец почина во тракторска несреќа

Триесет и четиригодишен маж од беровското село Дворише починал утрово откако тракторот со кој се превезувал паднал во провалија. Сега починатиот А.К, во тракторот бил со дваесет и двегодишен жител на истото село. Од здобиените повреди, А.К починал на пат кон Медицински центар -Берово.

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.