Фејсбук отстрани профили поврзани со Иран, кои дистрибуирале лажни вести – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/18 9:25 AM

Фејсбук отстрани профили поврзани со Иран, кои дистрибуирале лажни вести

Фејсбук вчера отстрани 82 страници, профили и групи поврзани со Иран од својата мрежа и од Инстаграм поради дистрибуирање на дезинформации. Социјалната мрежа соопшти дека отстранетите профили, страници и групи биле на американски и на британски државјани, кои објавувале материјали со политички теми.

Мерката е преземена воочи изборите во САД.

Фејсбук и во август отстрани профили поврзани со Иран.